1. Како и каде да ги нарачам производите од ТВ ШОП?
-Овие оригинални производи, исклучиво и ексклузивно може да се нарачаат единствено преку оваа интернет страница, или алтернативно преку телефонски број 034 340 282 или преку e-mail: info@tvshop.mk
Процедура за нарачка преку e-mail:
-При нарачка преку e-mail :
-назначете ги производите и количините коишто сакате да ги нарачате
-оставете Име и Презиме, Адреса и Телефонски број.
-По приемот на нарачката ќе бидете контактирани телефонски од нашите оператори за да ја потврдите нарачката.
2. Како да ја користам опцијата “во кошничка”?
-Системот на електронска кошничка моментално е во експериментална фаза и сеуште не е имплементиран на нашата интернет страница. Очекувајте целосна имплементација наскоро.
3. Како се испорачуваат нарачаните производи?
-Доколку производот го имаме на залиха, ќе ви биде доставен во рок од 2-3 работни дена од приемот на нарачката. Во случај истиот да го немаме на залиха, нашите оператори ќе ве известат кога производот повторно ќе биде достапен за испорака.
-Испораката на производите се врши преку Македонска Пошта и другите сервиси за испорака на пратки. Имате повеќе опции кои можете да ги договорите со операторот и тоа: со редовна пошта и да ја подигнете пратката во пошта, со редовна пошта со достава на пратката до вашиот дом во определено време и испорака до вашиот дом со брзата пошта ЕМС. Поштарината е на товар на корисникот и се пресметува според редовниот ценовник на ЈП “Македонска Пошта” +3% од вредноста на пратката. Цените на македонска пошта се ослободени од ДДВ.
4. Како може да се плаќаат нарачаните производи?
-Плаќањето се врши при приемот на пратката (освен при плаќање со кредитна картичка). Постојат повеќе можности за плаќање и тоа: во готово, со чекови на рати и со кредитна картичка, пратете ни е-маил или јавете се на 034 340 282 за повеќе информации. За плаќење во готово, не е предвиден попуст.
5. ДДВ?
-ДДВ е вклучен во цената на сите производи.