Услови, Правила и Приватност

Услови, Правила и Приватност

Услови и Правила

 

  • Правила за корисниците

Сите цени во оваа Интернет Продавница се во Денари и се конечни на денот на нарачката и се со вклучен ДДВ.

Нарачаните производи што во моментот се на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 2-3 дена, на домашна адреса или во локалната пошта. Трошоците за испорака се на товар на нарачателот. Освен ако не е поинаку назначено. Производот и трошоците за испорака се плаќаат кога ќе го добиете производот, освен во случај ако нарачката ја имате платено со кредитна картичка на денот на нарачката.

По извршувањето на нарачката, ќе добиете и e-mail порака како потврда дека нарачката е примена, истата ќе ги содржи деталите од нарачката. Можно е да ве побараме по телефон да ја потврдите истата.

По комплетирањето на нарачката (процесуирање), ќе добиете и e-mail порака за потврда, која ќе ги содржи деталите од нарачката.

Производот кој не ви одговара можете неоштетен, неупотребуван во оригинално пакување и со приложените документи да го вратите во рок од 15 дена од денот на преземањето.

Во случај да барате враќање на парите, тоа право ќе можете да го остварите само ако производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фискална сметка во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе ви бидат пратени исклучиво на Вашата трансакциска сметка.

  • Информации за испорака

Производите нарачани во оваа Интернет Продавница ќе ви бидат испорачани преку пошта или преку курирска/доставна служба.

Нарачаните производи ќе ви бидат испорачани во период од 2-3 дена од денот на нарачувањето. Ако производот е во моментот на залиха, ќе го добиете во период од 2-3 дена, по нарачувањето. Ако производот не може да ви биде испорачан, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои сте ги специфицирале во нарачката.

Производот ќе го платите при приемот на домашна адреса или во локалната пошта, во готовина или со кредитна картичка.


Приватност

Собирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со заштитата на личните податоци.

  • Прибирање и обработка на лични податоци

Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пр. Вашето име, Вашата адреса, било да е e-mail или поштенска. Центури не собира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пр. кога нарачувате или се пријавувате.

  • Употреба и чување на личните податоци

Центури ќе ги употреби вашите лични податоци исклучиво за испорака и наплата на вашата нарачка и за технички потреби за интернет страницата  за да ви овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со вас. Центури нема да ги продаде вашите лични податоци на трета страна, ќе ги користи исклучиво за технички потреби, испорака и наплата на нарачката.  Центури во целост ја почитуваа доверливоста на вашите лични податоци.

  • Слобода на изборот

Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на Центури. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци, Ве молиме имајте во предвид дека може да не ви бидат достапни некои делови од интернет продавницата.

  • Автоматски снимени податоци (не-лични податоци)

Кога ќе се вклучите на интернет страната на Центури, општите не-лични информации (кој интернет пребарувач е користен, број на посети, просечно време поминато на страната) автоматски се снимаат (не како регистрација). Овие информации се користат за подобрување на изгледот на нашата интернет продавница и за да ја подобриме содржината и функционалноста. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.

  • Cookies

Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата интернет страна да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите интернет страната на Центури. Центури ги употребува Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата интернет продавница.

  • Безбедност

Центури се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап.

  • Малолетници

Центури им препорачува на сите родители и старатели да ги учат нивните деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци на Центури без дозвола од нивните родители или старатели. Центури никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола.

  • Врски со други интернет страни

Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува на сите официјални интернет страници во сопственост на Центури . Интернет страниците во наша сопственост може да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од Центури, на кои што оваа изјава за заштита на личните податоци не се однесува. Кога ќе ја напуштите интернет страната на Центури, Ве молиме бидете свесни и прочитајте ги изјавите за лични податоци на секоја интернет страница во сопственост на трети страни.

  • Право на информации

Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив; Ве молиме контактирајте не.

Центури
Булевар Гоце Делчев 121
Струмица 2400
Телефон 034 340 280

  • Објава за промени

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страна и на други места за кои сметаме дека се соодветни.

Pin It on Pinterest

Share This

Отсега нашите производи може да ги нарачате преку NAMA.mk